Чудесната диета на Ватанабе со банани

Оваа суперефикасна диета ја смислил Хитоши Ватанабе, кој се бавел со проучување на превентивната медицина, и неговата сопруга Сумико, фармацевт.

База на оваа диета е појадокот кој содржи единствено банани и обична вода на собна температура. Изумувачите тврдат дека диетата допринесува за значајно намалување на килограмите, без разлика на тоа што јадете во останатиот дел од денот.

Диетата е многу едноставна и лесна за држење, а многу Јапонци ја потврдиле нејзината ефикасност. Имено, кај голем број дошло до знајчајна загуба на килограми за време на експерименирањето со оваа диета.

Одговорот зошто оваа диета функционира е веројатно во тоа што бананите го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат варењето. Втора можност лежи во видот на скроб што го содржат бананите, кој има понизок гликемиски индекс, а обезбедува чувство на ситост и делумно ја блокира апсорцијата на јагленохидрати.

Дополнително, водата на собна температура, го подобрува варењето и го намалува чувството на глад.

На лицата кои сакаат да ја практикуваат оваа диета им се советува и вечерниот оброк да биде пред 20 часот и да избегнуваат слакти после вечерата. Во случај на глад прифатливо е едно овошје.

Последно правило, но не помалку важно, на оваа диета е на спиење да се оди пред полноќ. За ова правило речиси не треба објаснување зашто и научните студии ја покажале поврзаноста меѓу доцното одење на спиење и гојазноста.

Забранети намирници во оваа диета се млечните производи и алкохолот.

Од напивки, дозволена е само водата на собна температура. Бананите пак, мора да бидат сирови, а не печени, кувани или засладени.

x

Check Also

Како да го спречите опуштањето на кожата после слабеење

Откако брзо ќе загубите килограми, неретко се случува кожата да се опушти ...