Чудесниот шапкар Филип Трејси влезе во козметичката индустрија

Омилениот дизајнер на Британците, Филип Трејси, познат како креатор на неверојатни шапки и шешири, меѓу кои и на дизајнираните за кралското семејство, потпиша договор за соработка со козметичката куќа „Mac“.

ft3

Козметичката компанја стана позната по соработките со познати лица, вклучувајќи ги и Шерон и Кели Озборн, како и дизајнерот Џамбастиста Вали. Колекцијата на Трејси за оваа марка ќе биде инспирирана од три негови шапки кои претставуваат три теми.

Колекцијата шминки се очекува во продажба во април 2015. До тогаш може само да се задоволиме со фотографиите на чудесните шапки на Трејси.

ft2

ft1

Сепак, Филип Трејси изјави дека мејкап колекцијата нема да биде драматична туку елегантна.

„Модата стана забава“, објаснува Трејси за соработката. „Сите сме во ист бизнис- Mac создава имиџ со шминките, јас создавам имиџ со шапките, а и двајцата живееме во имиџот на модниот свет“.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...