COLLECTION LIBRE: Шанел има преубава новогодишна мејк-ап колекција

Новогодишната колекција на луксузната козметичка и модна марка Шанел насловена COLLECTION LIBRE акцентот го става на црвената боја, потоа на зелените и сребрени свечени тонови.

Дури четири црвени нијанси на кармини се најдоа во новата колекција од Шанел најавувајќи ја црвената боја како бојата на доброто расположение. Освен црвените кармини, тука се и класичните Rouge Allure нијанси и уште две матирани нијанси. Црвената боја ни доаѓа и во две нијанси на сјај за усни Rouge Coco Gloss.

Палетата за сенки доаѓа под името Trait de Caractere и составена е од пет сенки за очи – од нежна розова нијанса до длабока виолетова нијанса и интензивна смарагдно-зелена.

За дополнителни мејк-ап „интервенции“ секако тука е и волуминозната нова маскара и ајлајнерот за драматичен изглед. Од лаковите за нокти пак, акцентот е повторно на црвената боја, но тука е и интензивно-смарагдно зелената и елегантната црна нијанса.

x

Check Also

Нова колекција од L’Oréal Paris во чест на Карл Лагерфелд

Моделите Дауцен Крос, Лума Гроте, Су Ју Парк и Луиз Бурњон се ...