Colored Memories | Oбоени Спомени: Прва интерактивна едукативна боенка за млади и возрасни за Македонија

Colored Memories | Oбоени Спомени е прва интерактивна едукативна боенка за Македонија која содржи 59 илустрации поддржани со текст на македонски и англиски јазик кои го опишуваат културното и историското наследство на земјата. Боењето на секој од цртежите ја буди креативноста, го смирува умот и намалува стресот. Воедно, таа претставува и туристички водич низ регионите преку кој се опишани јазикот, обичаите, традицијата, природните богатства и убавините на Македонија. Оваа боенка претставува спој на спомени на сите кои живеат во Македонија, но и на оние кои ја посетиле или сакаат да ја посетат оваа држава.

Автори на овој проект се Магдалена Таневска, Надица Златкова Митевска и Крсто Златков. Графичкиот дизајн е на Марк Јанура, додека текстовите ги пишуваа Магдалена Таневска, Крсто Златков и Маја Илиоска. Лектурата е на Татјана Б. Ефтимоска и Патрик Пелегрино, а превод на Вера Васиљевска Ангелова и Драгица Ниќифоровиќ. Печати Софија принт.

Авторите гордо ја започнуваат приказната за боење на спомените со првото издание од серијалот Oбоени Спомени за Македонија, а ќе ја продолжат со другите градови и земји во светот.

Она што оваа боенка ја прави уникатна е нејзината интерактивната содржина на повеќе страници: раскажувачот на спомени, разгледницата која може да се испрати до најблиските, персонализираниот цртеж со рамка каде може да се постави ваша фотографија, а има и интересна игра меѓу илустрациите.

Боенката пред се е наменета за млади и возрасни лица, односно за некој кој ја сака уметноста или истражувањето, за некој кој му треба релаксирање од учење или работа, за некој кој сака да бои и чита пред спиење или за оние кои сакаат да имаат едиција на спомени од Македонија. Затоа одлично е секој да ја има во својата библиотека или да ја избере за подарок.

Првата промоција на Обоени спомени ќе се одржи на овогодинешното издание на Fashion & Lifestyle Expo 2019, од 20-ти март до 22-ри, во просториите на МОБ од 20:00ч. до 23:00ч. Како добредојде, тимот подготви и подароци за првите 100 посестители.

x

Check Also

Неделен хороскоп (2. до 8 декември): Топ знаци на неделата – Јарец, Риби и Девица

Оваа недела планетата Јупитер влегува во знакот на Јарец, отворајќи долг период ...