Con-Home, кога естетиката и флората ќе се вљубат

Минимализмот никогаш „не излегува од мода“ е фраза која се потврдува и докажува се повеќе, а особено во ова време кога е ултра модерен. Убавината се потпира на моментот дека треба да се посветиме на нештата без да сакаме дополнително да ги „накитиме“.


Се вљубивме во една нова креативна приказна, вистински спој на сивилото на бетонот и убавината на сокулентите.



– Нашата работа е одраз на нашата имагинација и желба за убавина. Долго време размислувавме за какви карактеристики и слики сакаме да видиме во нашите производи. И секогаш бевме изненадени од „непослушниот“ и „здодевен“ бетон од кој може да се направат извондредни, неверојатно стилски и уникатни производи, вели Тамара – креатор на брендот „Con.Home“.

– Започнавме со изработка на саксии, но нема да запреме тука. Имаме доста идеи кои се надеваме во брзо време ќе ги реализираме. Секој производ создаден од студиото на „Con.Home“ е уникатно и извонредно, па така секој клиент станува сопственик на уникатен производ.

– Работиме исклучиво со бетон. Во нашите производи се фокусираме на природната естетика, природната боја и текстурата на бетонот. За да се создаде една саксија потребни се неколку дена, со оглед на тоа што се чека да се зацврсти бетонот.

– Саксиите „Con.Home“ се идеален подарок за многу поводи. Одлично се вклопуваат во секој ентериер и се супер стилски декор за секој дом. Прекрасен подарок кој нема да остави никого рамнодушен.

x

Check Also

Кендал Џенер е ѕвезда во кампањата Giambattista Valli x H&M

Лансирана е кампањата Giambattista Valli x H&M, а долго очекуваната колекција ќе ...