Cooking with Branko организира хуманитарна вечера

Со хумано селфи, до многу насмевки

Во недела, 31.3.2019, ќе се организира прекрасна хуманитарна вечера под водство на Cooking with Branko. Темата уште е тајна, но вечерата ќе биде во Вила „Infinity во Скопје, со почеток во 18.00 часот. Картите преку кои ќе се донира и учествува на вечерата може да се купат https://kupikartizase.com/.

Бранко за самиот настан вели, „Да го направиме најхуманото селфи, и да споделиме многу насмевки, среќа и љубов со оние на кои што им е најпотребна. Сите собрани средства од овој настан ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Оваа вечер кујната на #cookingwithbranko ќе има тајна тема, а ваше е да уживате, да споделите хуманост и да бидете дел од најхуманото селфи во кујната на Бранко. На многу луѓе на оваа планета им е потребна љубов, топлина, топол оброк и насмевка. Се надевам дека желбата барем малку ќе им биде остварена и ќе придонесеме за радост во нивните домови и топли срца.“.

Тој додава дека е многу благодарен на L’angolo di caffe за поддршката на настанот и за нивниот хуман гест. Според него треба да бидеме горди на себе и да споделиме добрина во секој момент.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...