Cool модни додатоци за зима 2017/18: Качкети, најголем избор има во MISS SPICE ACCESSORIES

Од ретро трендовите кои на голема врата се вратија за сезоната есен/зима 2017 ги издвојуваме карираните костуми, пачворк тексасот, „матрикс“ очилата за сонце и уште еден неодолив тренд во духот на 90.те години – качкетите.

Прва која овој тренд го врати во „живот“ беше топ моделот Бела Хадид, а по неа и секогаш интересната и модно-инспиративната Кара Делевињ.

Бела Хадид толку се „заигра“ со модата на качкетите што и сама дизајнираше модели за есенската колекција на модната марка Хром Хартс. Многу бргу качкетите почнаа да се појавуваат на Инстаграм профилите на популарните лица од модниот свет и шоу бизнисот, а веќе и секојдневно ги гледаме на градските улици како ги носат урбаните девојки од соседството.

Поради својата сестраност и кроевите кои се инспирирани од машката мода, качкетите совршено ја надополнуваат секоја модна комбинација.

Најголем и најубав избор на качкети најдовме во MISS SPICE ACCESSORIES. Во фотогалеријата погледнете некои од моделите.

Качкетите побарајте ги во најблиската до вас продавница на MISS SPICE ACCESSORIES (лоцирани: во Скопје во Веро Jumbo, ГТЦ приземје, Веро 2 Тафталиџе, Ramstore Mall, во Тетово во Веро и Palma Mall, а во Битола во Веро 4).

x

Check Also

Слатки како шеќер: Лакирани патики од Bershka во шеќерна нијанса

Меѓу големиот избор на патики за летната сезона, погледот ни застана на ...