Човекот кој стана уметност за себе: Среќен роденден Вуди Ален!

Во своите филмови секогаш го носи и духот на градот во кој е роден. Тој е како џезот, го сакате или не, стана уметност за себе.

vudi 4

Вуди Ален е роден како Ален Стјуард Конигзберг на 1 декември 1935 година во Бронскс, а израснал во Бруклин во еверејско семејство. Детството не му било секогаш лесно, родителите не му се согласувале и самиот Вуди бил во лош однос со својата темпераментна мајка. 8 години одел во еврејско училиште, а паралелно одел и во обично основно училиште. Бејзболот го интересирал повеќе од учењето, а своите другари ги забавувал со тиркови со карти. За да заработи џепарлак почнал да пишува шеги за еден агент кој потоа ги продавал на весниците. Во тоа време веќе почнува да го употребува името Вуди Ален.

vudi 2

По средното училиште студирал филм на Универзитетот во Њујорк. На 19 години веќе пишувал сценарија за „Ед Саливан шоу”, „Вечерно шоу” и други емисии. Првиот филм „Што има, Тајгер Лили” го снимил во 1966., со синхронизација на еден јапонски трилер кој го претворил во комедија. Во текот на првите години снима главно комедии на апсурдот во кои и сам глуми. Публиката конечно ја освојува со филмот од 1972., „Се што сакавте да знаете за сексот (а не смеевте да прашате)“, а потоа следуваат уште неколку филмови со Дајан Китон која приватно му беше партнерка. Токму еден од тие филмови, „Ени Хол” освојува два оскара.

vudi 1

Следната деценија во животот и творештвото му ја обележува новата врска со глумицата Миа Фароу која се појавува во 13 негови филмови. За филмот „Хана и нејзините сестри“ освојува оскар ама потоа влегува во творечка криза која трае неколку години. Новата деценија одново носи промена и во творештвото и во приватниот живот на Вуди Ален. Врската со Миа Фароу, во која Ален стана и татко, а со Миа посвоија и две деца, завршува по скандалот кој со месеци ги полнеше светските медиуми. Миа Фароу нашла разголени фотографии од својата посвоена ќерка од првиот брак, Сун Чи Превин, во времето на полнолетството, кои ги направил Вуди Ален. Миа Фароу го обвини Вуди Ален дека сексуално ги злоставувал нејзините деца но случајот никогаш не заврши на суд. Вуди Ален на крај се ожени со Сун Чи во 1997. и со неа посвои уште две ќерки.

Вуди Ален и Сун Чи

Вуди Ален и Сун Чи

Јавноста во случајот на Ален и неговата Сун Чи беше поделена, ама се чини дека во тие години сите заборавија се, и се свртеа кон новите, луцидни, весели и тажни филмови на овој творец. Иако Вуди Ален е синоним за Њујорк, џез, Централ парк, Вест сајд, кои со кадри кои ги снимаше успеа родниот град да го претвори во уште еден лик од филмовите, во последно време своите обожаватели успеа да ги внесе во филмови кои се преместени од њујоршките препознатливи краеви.

vudi glavna

Така во последните години имавме можност да го видиме „Полноќ во Париз“, „Љубов во Барселона“ а годинава и номинираниот филм „Со љубов од Рим“. Сите негови филмови карактеристични се по извонредните глумци, единствените кадри и комичните пресврти кои на никој друг не би му паднале на ум. Филмовите на Вуди Ален носат и емоции и разиграност и една леснотија на раскажувањето дури и во многу тешките човечки внатрешни борби и односите со другите луѓе.  И што овој автор да направи и колку тоа апсурдно да звучи, бизарно или луцидно, секогаш од некаде од позадината ќе се слушне коментарот „тоа го може само Вуди Ален”.

Сузана Спасиќ 

 

x

Check Also

#IStayHomeFor апел на социјалните мрежи од ѕвездите во борба со коронавирусот

Од Дејвид Бекам до Ема Вотсон, од Натали Портман до Шерон Стоун: ...