COZY бебе-книга, за моменти полни со љубов напишани од нашето срце

Страници полни со љубов, нежност и моменти кои остануваат најубав спомен за целото семејство. Моментите кои ги поминувате со вашето малечко се драгоцени и секој момент е приказна која треба да се запише.

Овие моменти и спомени еден ден ќе ги прочита и „главниот лик“ во книгата, а тоа е вашето малечко. Малечките брзо растат, но спомените остануваат вечно, овојпат сигурно испишани од вас во вашата нова омилена книгаCOZY – Бебе книга“.

Зборуваме со Елисавета Галева, креаторот и автор на книгата чии страници ги испишуваме со нашето срце. Галева е инаку, графички уметник.

Како се роди приказната за „COZY“ ?

– Cozy се роди со раѓањето на моето бебенце. По природа сум емотивна и секогаш ми значеле спомените. Откако станав мајка уште повеќе се засили потребата да ја бележам секоја промена за да не ги заборавиме сите најслатки моменти.
– Барав албум или книга во која би можела да ги спојам сите спомени на едно место, но не се пронајдов во она што се нудеше во тој момент.
– Решив сама да направам бебе-книга која совршено ќе ги зачува не само промените, туку и сите чувства со кои ние како родители се соочувавме во тие најслатки моменти.
– Направив нешто по мој вкус, нешто што совршено одговараше на нашата семејна приказна, не размислувајќи дека би можела и професионално да се занимавам со ова.

Уживав во пополнувањето, а уште повеќе во препрочитувањето на нашата бебе книга.

– Како мајка, мислев дека ништо нема да заборавам, бидејќи се работи за моето најдрагоцено. Како поминува времето и колку почесто се навраќам на спомените, ако не ги запишев, на голем дел од нив немаше да се сеќавам.

– Нашата книга беше прелистана и од наши блиски пријатели кои беа првиот поттик да почнам да размислувам овие книги да им станат достапни и на други мајки.

Раскажете ни ја приказната за Бебе Книгата на COZY, страница по страница…

– На официјалната Cozy Бебе книга работев активно околу 4 месеци. Како графички дизајнер ова беше еден од најинтересните проекти за мене, уживав од почеток до крај. Со илустрациите можев целосно да се изразам како дизајнер, а како родител преку содржината.

– При првите средби со бебенце, сите уживаме да бараме сличности со родителите. Од тука се создадоа првите страници на книгата, најважните информации за Мама и Тато, физичкиот изглед, професии, омилени работи, хоби, како и простор да ја раскажат нивната приказна како се запознале и првата заедничка фотографија.
– Следува семејното дрво кое бележи од Прабаба и Прадедо. Во овој дел е предвидена и страна за најдобрите пријатели на Мама и Тато чии дечиња (доколку ги имаат) се првите најдобри другарчиња на бебенцето. Книгата продолжува со бележење на најважните моменти од почетокот на бременоста, каде и кога дознале Мама и Тато, со кого ја споделиле радосната вест, нивните први чувства, првото ехо,  првиот удар на бебенцето и други важни деталчиња….
– Следната фаза е раѓањето и сите најважни иформации, првата средба со бебенцето и чувствата на Мама и Тато, простор за првата семејна фотографија со новиот член, заминувањето дома, првото капење, првата непроспиена ноќ, првите звуци и движења…
– На наредните страници детално се бележи рутината на бебенцето: капење, спиење, првите прошетки/патувања и омилени места надвор од дома, воведување на храна, првите настинки….
– За сите горенаведени фази и промени е оставен доволен простор за фотографии. Вториот дел од книгата ги одбројува месеците (1 до 12), со простор за фотографии и одговарање на прашања зададени во книгата, кои одговараат на развојните процеси за секој месец. Книгата завршува со роденденот на бебенцето каде во пликце Мама и Тато оставаат писмо со желби за него/неа.

Покрај бебе книгата, какви се други убавини како графички уметник и мајка создавате секојдневно испирирани од вашата најголема љубов?

-Персонализиран Бебе Инфографик – во рамка, слика од бебе + најважните податоци за раѓањето, бебе бележници – 14 двострани картички за фотографирање и запишување на најважните промени, покани за роденден или други настани поврзани со бебиња. Банери за родендени, постери со детски мотиви, персонализирани бебе книги, итн.

Зошто сте поинакви од сите други, која е вашата тајна инспирација за овие дизајни?
-Преку Cozy најслатките случувања ќе останат забележани на убав и уникатен начин.
-Зачувување на спомените за нашите најмали и најмили на најубав можен начин, користејќи нежни, суптилни материјали и илустрации работени со многу љубов, се најголемата инспирација за постоењето на Cozy.
-Позитивните коментари вистински ни значат и не мотивираат и понатаму да создаваме спомени заедно!
 

x

Check Also

Ариана Гранде е главно лице на колекцијата за есен/зима 2019 на H&M

26-годишната американска пејачка Ариана Гранде е главно лице на новата колекција на ...