„Cozy“, чувар на најубавите спомени… бидејќи малечките брзо растат

Се сеќавате ли на моментот кога ви кажаа дека ќе станете родител, се сеќавате ли на денот кога семејството ви стана побогато за уште еден член, а од тој момент сите погледи беа вперени кон него/неа.


Првиот сон на малечкото значеше и првата 48 часовна несоница за мама и тато, баба и дедо, дури и за соседите кога повремено ќе се разбудеше.


Првиот поглед, првата насмевка, првиот силен стисок со малите рачиња, првото капење, првиот оброк, првата настинка и уште илјада моменти кои го прават секој ден посебен, а како деновите минуваат знаат да избледат, но зошто да ги оставиме на заборавот.

Една неверојатна мајка и покрај деновите кога сонот и требаше најмногу создаде магична книга во која сите моменти со нејзиното малечко ги претвори во трајни спомени.


Бенјамин кога ќе научи да чита ќе има книга која ќе го носи неговото име, а во неа приказната во која тој е главен јунак заедно со сите негови најсакани, создадена од неговата мајка Ели.

Ели не само за Бенјамин таа создаде Бебе Книга и за Ирис, и за Петра, и Дарин, и Ведран и за уште многу малечки кои се најголемата радост на едно семејство.

Создаде бебе – книга која ќе ги чува вечно сите моменти од првата година на вашето малечко. Книга која не потсетува да ги забележиме најубавите спомени, да ги прикачиме најубавите фотографии за да не останат заборавени во бројните фолдери на компјутерот.

Ели создаде цела колеција на „Cozy“ моменти кои остануваат вечно.

Уште додека малечкото е во стомакот на мама, со многу љубов се подготвува неговата соба. Ако сакате на лесен, а убав начин да го разубавите катчето на вашето малечко, „Cozy“ подготви винил налепници за ѕид, кои ги изработува по ваша желба а потоа вие сами може да ги аплицирате онаму каде што најмногу ќе прилега. Налепниците може да го носат името на вашето малечко или некоја друга креација.

Собата може да ја збогатите и со интересен инфографик или рол со првата буква на вашето најмило изработен од 100% памучно, ЕКО канвас /платно, надополнето со дрвца и памучен конец.



Малечките растат многу брзо. Секој наполнет месец е голема радост за семејството. 1месец, 2месеци,3 месеци… некој многу брзо расте, а вие уживате да го фотографирате. Фотографиите би биле уште по магични доколку би го обележале и месецот/возраста на малечкото со Cozy Бебе Бележниците.

Малечките растат многу брзо, а додека вие ги забележувате моментите во Cozy Бебе Книгата некој се исправил, некој многу брзо расте и е спремен/а за мерење.


Cozy ролот за висина ќе го следи и запомнува растењето на вашето малечко. Самиот рол е изработен од 100% памучно канвас /платно, кое совршено се вклопува во амбиентот на детската соба, со пастелни бои и суптилна текстура. Надополнето е со дрвце, кое целата приказна уште повеќе ја разубавува.

Врз самото платно може да се запишува и бележи напредокот во висина, кое еден ден ќе стане навистина преубав спомен. Сега место да ги гребеме и „шкрткаме“ вратите дома за да ја бележиме висината , може многу елегатно да го направивме тоа врз самиот рол, кој подоцна си се пакува и може да се смести во кутијата со спомени.

„Cozy“ е чувар на вашите најубави моменти поминати со вашето најмило. Уживајте во секој миг бидејќи многу брзо растат, а со нив расте и приказната на „Cozy“.
Уживајте во нивните креации полни љубов… https://www.instagram.com/cozybebence/  &  https://www.facebook.com/cozybebe/

Празничните денови се многу блиску, а некому му е прв Божиќ. Во ова Cozy – Божиќно албумче покрај фотографии може да ја документирате и вашата новогодишна семејна резолуција и да ги запишете сите најубави секунди… Во ова брзо време на дигитални медиуми одвојте неколку минути да ги извадите вашите фотографии од виртуелниот свет, залутани низ компјутерски фолдери…

За тие неколку минути создадете ја вашата најомилена приказна кој често ќе ја прелистувате дома, од најмал до најголем, или изненадете ги баби и дедовци со подарок што вистински ќе ги допре.

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...