Creativa.mk, дрвени убавини полни со љубов

Дрвото како материјал е вистинска магија особено кога неговата убавина ќе ја препознае вистински уметник со неверојатно чувство за естетика и магични раце кои создаваат функционална уметност.

Не освоија на прв поглед дрвените убавини на Владимир, а особено неговата неверојатна посветеност на секој детал.


– Креативноста е важен дел од животот на секој човек, како од најраните детски денови кога детето е љубопитно и сака да твори, така тој творечки, креативен сегмент треба да се негува и понатаму во животот, вели Владимир.

– Љубовта кон изработките од дрво, прецизноста во работата и слободата во изразувањњето дава една бескрајна слобода во креирањето на формите, на дизајнот, на секое едно парче.

– Самата свесност дека се околу нас е креација, како нашиот имиџ, околина, дом, настан, компанија, ме доведе до идејата дека радоста може да ја поделиме и одбележиме.

– Така љубовта кон дрвото и идеите за негово обликување, дизајн, форма, неограничените можности за вметнување детали беа спој на околности кои ме поттикнаа на реализација на овој проект. Производите ја отсликуваат убавината за вашите посебни моменти, за вашите сакани, едноставно за делење на радоста која може да биде убаво спакувана, декорирана и персонализирана.

– Палетата на производи кои ги има Creativa.mk почнуваат од наједноставни форми кои се користат како основа за понатамошна доработка со разни техники како декупаж, срма, полимерна глина, вез, до персонализирани кутии за подароци, внатрешен и надворешен декор во домот, рекламен материјал и слично.


– Голема застапеност секако имаат кутиите за подароци „gift box“. Знаеме дека подарокот не е само давање на нешто на некој друг, туку е и внимание кое што го носи со себе. Така за нас подарокот е израз, рефлексија на љубов, заедништво и живот.
Подарокот носи порака, и за нас таа значи:
„Ти си некој посебен/а за мене!“
„Сакам да знеш дека ти си ми посебен/а!“
„ Да продолжиме заедно да се радуваме!“

– Согласно ова мото ги изработуваме и дизајнираме дрвените кутии и други производи. Дополнително гравирањето ни овозможува да се вметне моментот на:
– значаен датум (роденден, венчавка, годишнина)
– Имиња ( за кого е наменет)
– Нешто сосема лично како на пример ( единствен поздрав, бренд, прекар, порака и сл.)

– Пораката која ја носи производот („topper“ за торти како на пример „ forever together “ или „forеver and ever“, „машко е“ и сл; Ѕидни часовници со разна тематика од музички групи, филмови до персонализирана порака, натписи на ѕид, основно семејно дрво во форма на 3Д слика.

– Материјалите зависат од потребите и вкусот на клиентот. Имаме понуда од врвно изработена дрвенести плочи, како на пример шпер плоча, ХДФ плочи, медијапан и сл. Шпер плочата е високо ценета во индустриите на внатрешен и надворешен дизај поради нејзината идеална рамнина и стабилност во однос на деформации, како и неограничени можности во секоја креативна- дизајнерска област.

Материјалот што го користиме е од италијанско потекло од европски но и африкански егзотични дрва кои се толку совршено одбрани и обработени што даваат при допир едно прекрасно чувство на свиленкаста но цврста структура.

– Секој производ е уникатен и изработен со максимална препуштеност во креативноста. Секој производ е изработен со квалитетни материјали, прецизност, трпение и уживање во времето посветено на деталите, вели Владимир.

– Секој производ претходно се осмислува, црта и потоа создава, гравира, шмиргла, лакира и се зависно од потребите, материјалот и самиот вкус на клиентот.

– Потребно е време за секој производ и затоа се изготвува во мали серии, бидејќи така единствено се гарантира квалитетот и вниманието на секој детал. Работилницата е опремена со секаков вид на алат за обработка на дрво што би се рекло од игла до локомотива.


За неверојатната креативност на Владимир може да пишуваме безконечно, но најубаво за него говори неговата уметност, неговите дрвени убавини.

x

Check Also

Есенска модна инспирација: Каролина во боите на Mango

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова есен ...