Црно грозје за слабеење? Да, благодарам

Добра вест за љубителите на грозје. Новото истражување тврди дека црното грозје го чисти телото од маснотии и помага во регулирање на телената тежина.

Црното грозје содржи активни супстанци како полифенол, кој е силен антиоксиданс. Но полифенолот дополнително го забрзува и метаболизмот, а на тој начин организмот работи побрзо, троши повеќе масти и калории, а со тоа ни помага да ослабнеме.

Полифенолот го забавува процесот на создавање на масни наслаги и му помага на телото да ја „стопи“ постоечката маснотија.

Истражувањето понатаму тврди дека грозјето помага за добро функционирање на црниот дроб, но и дека ова вкусно овошје го „убива“ апетитот. Затоа оние кои сакаат да се ослободат од неколку килограми добро е да го вклучат грозјето во диетата.

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...