Црно-зелениот сирена фустан на Кејт Винслет

На црвениот килим на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто погледите ги собра англиската глумица Кејт Винслет облечена во фустан кој и ги нагласува облините и женственоста.

kejt 1

Во долг, црно-зелен фустан со метален отсјај и раскошен дијамантен накит, глумицата покажа дека погледите може да се освојат и без екстремно деколте и драматични резови, туку напротив, со многу стил.

Во вакво елегантно издание Винслет се појави на црвениот килим на филмскиот фестивал во Торонто каде што се промовираше новиот филм во кој таа глуми „Мал хаос“.

Со дискретна шминка и контрастно нагласен црвен кармин, оскаровката го врати стариот холивудски гламур, потсетувајќи не дека сирена-изгледот и женските облини никогаш и не излегле од мода.

x

Check Also

Ова е најслатката фотографија на Џиџи Хадид од бременоста (ФОТО)

Најслатката – и најсмешна – фотографија од бременоста на Џиџи Хадид, 25, ...