Црвен тепих на Оскарите: Фустанот на Џенифер Лоренс е Диор перфекција

Уште пред Ноќта на Оскарите беше познато дека Џенифер Лоренс ќе носи креација од Диор. Лоренс и Диор склучија договор таа да ги носи нивните креации на најзначајните настани во период од три години.

jenifer 3

Џенифер Лоренс не е „странец“ на црвениот тепих на Оскарите. Нејзиното прво појавување на црвениот тепих на Оскарите беше во 2011 година кога беше номинирана за најдобра актерка за улогата во филмот Winter’s Bone. Две години подоцна таа се врати и го зема оскарот за најдобра актерка за улогата во Silver Linings Playbook. Годинава, таа беше номинирана во истата категорија за изведбата во Joy.

jenifer 1

Лоренс е инаку една од највпечатливите личности на црвените ќилими. Таа е секогаш елегантна, но секогаш ја покажува и онаа мала доза на желбата за експериментирање. Во креацијата на Диор која е вамп верзија на црвниот лебед, тоа уште еднаш се потврдува.

jenifer 4

Изгледот е заокружен со шминка со впечатливи „smoky eye“ и природна нијанса на усните.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...