Црвен тепих: Сончевиот изглед на Чарлиз Терон

Чарлиз повторно донесе сонце на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Овојпат облечена во жолт фустан од марката Диор.

car2

На премиерата на филмот „Мед Макс“ глумицата донесе гламур каков што и очекуваме на фестивалите.

Љубовта на Чарлиз Терон и Диор веќе подолго време трае. Не само што таа одлично ги носи креациите од оваа модна марка, туку дел е и од рекламните кампањи на парфемот „j’adore“.

Тесниот жолт фустан кој ја следи линијата на телото не „трпи“ дополнителен накит, освен блескави обетки. Шминката е природна, кармин во боја на праска и фризура во ретро холивудски стил.

car1

 

x

Check Also

Шон Пен има нова љубов, 32 години помлада од него

Тој има 59 години, таа 27 години, а заедно се од 2016 ...