Цветна вода за нега на кожата

Хидролатите или цветнaта вода се нуспроизводи на етеричните масла. Тие се состојат од вода и етерични масла, а во природната козметика често се користат за хидратација во форма на благ тоник, бидејќи не содржат алкохол.

cv456

Цветната вода е многу нежни и може  во текот на целиот ден во чиста форма да се нанесува на лицето и на телото, а особено освежува во жешките денови кога е потребна дополнителна хидрација на кожата.

Но секое растение си има своја специфична намена.

Роза – се користи за грижа на зрела, изморена и дехидрирана кожа

Цвет од портокал – идеален за мрсна и чувствителна кожа

Лаванда – погоден за сите типови на кожа. Помага кај изгореници од сонце и за нега на многу чувствителна кожа.

cv6777

Пеперминт – делува антивоспалително, како и за ладење. Затоа е одличен за летна нега на кожата, а се користи и по убод од инсекти, при изгореници, чешање и алергии.

Хамамелис – најмоќниот антиоксиданс меѓу хидролатите. Идеален за мрсна и зрела кожа. Тој е познат како благ лифтинг.

Лековита жалфија – идеален за нормална и комбинирана кожа и против брчки.

Камилица – се препорачува за нега на бебиња, бидејќи  е блага и има анти-воспалителни својства. Добра е за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и кожата која  лесно се иритира.

Семе од морков – одлично е за нега после пилинг, ја смирува иритацијата на кожата.

Рузмарин – погоден е за сите типови на кожа, го тонизира и регенерира ткивото.

Чајно дрво – има антибактериско дејство, погодно е за нега на проблематична кожа, а се употребува  и како лосион за после бричење.

Мајчина душичка – се користи за нега на лице против акни, но и како лосион после бричење.

 

x

Check Also

Дрогериите dm донираа новогодишни пакетчиња за деца од Тетово, Битола и Скопје

Дрогериите dm и годинава традиционално организираа новогодишен караван под мотото „ЗАЕДНО едни ...