Дајте ѝ нов живот на вашата коса!  

Премногу често целиот фокус го ставаме на грижата за кожата на лицето, заборавајќи дека состојбата на чувствителната кожа на скалпот е голем фактор за здравјето на косата. Кратка или долга, фарбана или со природна боја – стилот на косата е израз на индивидуалноста, но нејзиниот сјај и волумен најчесто укажуваат на здравјето на скалп кој е потребно редовно да се одржува со соодветна и квалитетна нега. Изборот на квалитетна нега која ќе ѝ одговара на вашата коса може да биде тежок избор, но ако ја изберете вистинската комбинација на производи вашата коса може да стане вашиот најсилен „адут“.

Секој од нас има свои ритуали околу негата, омилени производи, одредени фарби и фризури. Исто така, трендовите наметнуваат фризури кои содржат многу хемиски состојки кои ја оштетуваат косата. Повеќето вакви препарати, надополнети со стресот од забрзаното секојдневие кое го живееме предизвикуваат намалување на квалитетот на косата, па дури и нејзино слабеење и опаѓање. Сега веројатно си го поставувате прашањето: Постои ли начин да го одржам скалпот здрав за да ѝ дадам нов живот на мојата коса?

Сигурно ќе ви олесни кога ќе дознаете дека решението постои! Еucerin DermoCapillaire Revitalizing  shampoo е ревитализирачки шампон кој ги зајакнува влакната длабоко во нивниот корен и помага во снабдувањето со енергија. Збирот на состојки во него овозможува нежно измивање на косата, без да ја оштетува и притоа ви дава чувство на свежина. Овој шампон содржи две активни состојки – креатин и карнитин, кои природно се наоѓаат во организмот и ги зајакнуваат корените, и кои помагаат во снабдувањето со хранливи материи – како и ликохалкон А кој делува смирувачки на скалпот од микроинфламациите кои ги ослабнуваат корените.

А сега, дајте си време за себе и опуштете се. Обидете се да го намалите стресот, да живеете мирно и спокојно, за да го намалите штетното влијание на секојдневието на вашата кожа. Сега, кога знаете дека постои Eucerin DermoCapillaire линијата на производи, знаете дека имате верен сопатник на патот до здрава, сјајна и убава коса. А во комбинација со Eucerin DermoCapillaire тоникот се добиваат подобри резултати како посттерапија од прележана корона каде спореден ефект е и опаѓање на коса.

x

Check Also

Лебот е добар за децата

Можеби не сте знаеле, лебот освен што е вкусен и децата го ...