Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или во ходникот, имајте на ум дека со обувките дома внесувате разни бактерии и отрови.

Еве некои причини кои ќе ви дадат одговор на прашањето дали да ги соблечете обувките пред да влезете во дневната соба.

Бактерии

Со обувките внесувате дома различни бактерии. Една студија од Универзитетот во Аризона ги испитувала бактериите кои се наоѓаат на обувките. Пронашле дека на надворешната страна на чевлите има дури околу 420.000 бактерии, вклучувајќи и Ешерихија кола, бактерија која предизвикува дијареа, бактерии на белите дробови и бактерии кои предизвикуваат менингитис.

Отрови

Едно истражување спроведено од страна на „Environmental Science & Technology“ oткрива дека преку обувките дома внесуваме различни отрови, меѓу кои се наоѓаат и многу штетни пестициди. А една друга студија покажува дека дури 98 отсто од оловната прашина внесуваме дома, која е многу штетна.

Ги вознемируваме станарите

Кога влегуваме со чевли, особено со чевли со потпетици, правиме бука. Соблечете ги и пуштете ги домашните мирно да спијат.

Стапалата сакаат да бидат слободни

Освен ако не носите специјални чевли за поддршка, на вашите стопала многу ќе ви бидат благодарни ако не бидат заробени во чевли или во патики, кога веќе не мораат.

x

Check Also

Имате чести главоболки? Овој домашен лек е сè што ви треба

Кога ќе не заболе главата, обично посегнуваме за билокој лек пторив болки ...