Дали имате карактеристики на алфа жена?

Слабите жени не можат да ги поднесат, мажите се плашат од нив. А тие се храбри, самоуверени и секогаш го добиваат она што го сакаат. А прифаќаат и порази, и тоа спортски.

Ако имате повеќе од овие карактеристики кои ги претставуваме во продолжение, тогаш сте и вие алфа жена:

Алфа жената ужива во животот – без оглед на нејзиниот емотивен статус, ужива во животот и користи сè што може. Таа разбира дека животот нема да ја чека додека чека некој или нешто да ја направи среќна.

Таа го прави првиот чекор – без разлика дали е работа или љубов во прашање, алфа-жената ќе ризикува и повеќе сака да чуе „не“, отколку да седи и да чека нешто да дојде само по себе.

Не очајува – свесна е дека доаѓаат поубави, помлади и позгодни жени, но исто така е свесна и за сопствените вредности. Таа себеси се гледа како „пакет“, а не по единствените атрибути.

Таа нема момче, но е отворена за врска – иако денес да се биде „сингл“ значи дека нешто ти „фали“, алфа-женката не бара спасител ниту играчка; ќе влезе во врска кога ќе запознае некој како неа.

Таа не губи време мечтаејќи за нешто што би дошло во иднина и не живее во минатото.

Има храброст да иницира средба, дури и со луѓе за кои не знае доволно.

Има храброст кога нешто не оди да си замине – знае дека премногу вложување во некого или нешто значи вложување време и напор во нешто што нема да успее.

Таа ја цени комуникацијата лице в лице повеќе отколу часови на допишувања и телефонирања.

Таа постојано е во движење, а со тоа си дава шанса да запознае квалитетни луѓе.

Да се натпреварува со мажите или со момчето/сопругот? Се шегувате?!

Не е во стил Кардашијан – зашто смета дека е подобро да се биде ѕвезда во реалноста отколку реалити ѕвезда.

Инвестира во себе – во својот изглед, образование, углед, кариера … и се гледа себеси како добра инвестиција.

Не глуми жртва.

Таа има храброст да се придвижи кон својата цел – прави план, а потоа стратегија како да го постигне тоа.

Никогаш нема да застане настрана за да ги исполни плановите на другите луѓе или да им помогне на другите да ја постигнат својата цел.

 

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...