Дали ја заштитивте нежната детска кожа од првото сонце!

Мартовските сончеви зраци бараат и неопходна заштита!

Повеќето од нас изминативе месеци ги поминаа дома од повеќе разумни причини. Меѓутоа зголемените температури, убавото и сончево време се повеќе не “мамат”, деновиве времето да го поминуваме надвор на отворено. Но, бидејќи нашата кожа не е навикната на сонцето и силните сончеви зраци може многу лесно да дојде до непосакувани последици. Туку особено треба да внимаваат децата бидејќи нивната кожа е потенка, поосетлива и многу полесно може да се оштети.

А после толку време поминато дома, во изолација, некако и не сакаме да ги спречиме децата да излегуваат надвор!

Меѓутоа, можеме престојот на сонце и на отворено да им го направиме побезбеден заштитувајќи ги со медицинска козметика која штити од сонце. Дерматолозите ги препорачуваат производите за деца од Eucerin Sun колекцијата која не содржи хемиски додатоци, а обезбедува сигурна и долготрајна заштита од сонце. Содржат минерални филтри, кои ги рефлектираат, одбиваат УВ зраците не дозволувајќи им да навлезат во детската кожа.

Нанесувањето на крема за заштита од сонце е клучно за сигурна и здрава кожа, а за детската кожа посебно е важно да се користи крема прилагодена на нејзините потреби. Со оглед на фактот дека УВ оштетувањата, црвенилата и изгорениците во детството го зголемуваат ризикот од рак на кожата, и оштетувања на кожата покасно во животот, детската кожа мора да биде правилно заштитена. За оние деца кои се доста активни, и почесто се на сонце поради тоа што си играат, се препорачува Eucerin Sun Spray со СПФ 50+.

Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д,  ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа, но истовремено мора и да се заштитиме од него, посебно при предолга изложеност, а посебно децата. Бидејќи Еуцерин е бренд кој се грижи за децата, периодов во аптеките низ земјава во тек е промотивна акција на детската колекција за заштита од сонце, што претставува можност под поволни услови да се дојде до квалитетен производ.

x

Check Also

Како до ефикасна нега на кожата според нејзините индивидуални потреби

Последните 2 децении доста често се менува пристапот за нега на кожата ...