Дали Меган Маркл и ја позајми својата чанта на Камила Паркер Боулз? Изгледа, да

„Ефектот Меган Маркл“ и понатаму се проширува. Овојпат, Маркл-инспирацијата стигна до Камила Паркер Боулз, сопругата на принцот Чарлс.

Фотографирана со иста чантичка каква што до сега носела Маркл, британските медиуми се шегуваат на темата дали Меган и ја позајмила својата чанта на Камила, или само и дала инспирација каква чанта да си набави.

Чантата е од лондоската марка De Mellier, додека моделот е Mini Venice и достапен е во продажба во повеќе бои по цена од 295 фунти.

И Маркл и Паркер Боулз се одлучија за зелен модел од оваа чанта.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...