Дали се вљубивте во бисерите на Шанел?

Карл Лагерфелд повторно ја врати магијата на бисерите во својата колекција пролет/лето 2013. Бисерите го имаат главниот збор кога е во прашање женственоста и елеганцијата на една дама.

03chanel
Бисерите изгледаат заводливо особено кога ги красат сериозните деловни комбинации, како што се кусите палта, здолништата и оние посвечени тоалети во комбинација со гламурозна чипка.

01chanel
Карл ужива да ги комбинира чипката и бисерите и вели дека се нешта што задолжително треба да одат заедно.

05chanel
Нежни и елегантни, бисерите се насекаде во оваа колекција, па дури и служат како украс на косата.

04chanel
07chanel
06chanel
10chanel
Толку елегантно и едноставно, а моќно!

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...