Маја Талевска, професионална балерина, инструкторка по пилатес и сопственик на „Body Concept“.

Дали сте доволно флексибилни и како да ја подобрите флексибилноста?

ФЛЕКСИБИЛНОСТА КАКО БИТЕН СЕГМЕНТ ЗА ВРЕМЕ НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ.

Пишува: Маја Талевска

ФЛЕКСИБИЛНОСТА е битен фактор за оптималната состојба на телото на секоја индивидуа. Зголемената флексибилност може да го унапреди квалитетот на живот како и ефикасноста во сите физички активности. Флексибилноста или подвижноста претставува способност за изведување на движења со голема амплитуда. Изведувањето на овие движења зависи од подвижноста на зглобовите и еластичноста на мускулите и лигаментите. Редовното истегнување е од големо значење посебно кај оние луѓе, кои се подложни на стресни ситуации, или имаат стресна работа, кои седат подолг временски период, канцелариски работници, како и физички работници кои носат голем товар. Во такви случаи оптималната флексибилност може да ги спречи најчестите проблеми, како болки во грбот, болки во вратот, вкочанетост и повремени грчеви, спречувајќи го ризикот од повреди и подобрувајќи го држењето на телото.

 

Што значи да сме во добра форма?

Пред да ги дефинираме сите видови на флексибилност, да дадеме објаснување, што всушност претставува формата. Формата всушност преставува склоп на карактеристики кои се поврзани со способноста во обавувањето на одредени физички активности, Кога за некого ќе кажеме дека е во добра форма, тоа значи дека поседува поголема способност во изведувањето на одредена физичка активност. Физичката спремност пак, е составена од одредени мерни компоненти како што се кардиоваскуларната форма, мускулната издржливост, мускулната сила, флексибилноста, телесната структура, како и нејзиниот состав.

Флексибилноста е, всушност, елемент на формата, која подразбира способност во изведувањето на движења во одредени зглобови. Разликуваме неколку видови на флексибилност и тоа:

-Активна флексибилност, способност да се изведуваат движења со големи амплитуди користејќи ги сопствените мускули.

-Пасивна флексибилност претставува изведување на движења со помош на надворешна сила.

-Статичка флексибилност се дефинира како остварен збир на движења во зглобовите и околните мускули во текот на пасивните движења, или свиткување на телото или делови на телото до максимум.

-Динамичка флексибилност е способост за брзо повторување на движењата во големи амплитуди, во кои се одвиваат волни мускулни напрегања.

Зошто е важно истегнувањето? 

На степенот на флексибилност, влијаат староста, полот, телесната конституција, (психолошкиот фактор), стрес . Кај жените флексибилноста е понагласена за 20, до 30%. отколку кај мажите. ФЛЕКСИБИЛНОСТА кај луѓето кои се физички активни е значително поголема. Клучните механизми за подобрување и зголемување на флексибилноста бараат редовни физички активности, а за долготрајни ефекти потребно е да се се осмисли соодветна програма со која ќе ја унапредиме флексибилноста.

Вежбите за истегнување се корисни во периодот на загревање, со цел да се намали ризикот од повреди и да се зголеми експлозивноста на мускулите. Како и на крајот од вежбањето, со цел да се намали и скрати траењето на воспалението, како и смалување на зголемената напнатост на мускулатурата. Поради тоа истегнувањето е задолжителен дел на крајот од секоја физичка активност, бидејќи на тој начин преку истегнувањето влијаеме на целокупното здравје. Вежбите за истегнување ја одржуваат и подобруваат флексибилноста, а тое е од витално значење за моторичките вештини.

Флексибилноста ни пружа корисни ефекти во спортските активности, го унапредува слободното движење и е корисна во поодминатите години од животното доба. Поради тоа физички активности од типот на пилатес, аеробик, спортска гимнастика, акробатика, и др. несомнено влијаат на квалитетот и подобрување на животниот век.

Повеќе информации за Body Concept студиото може да прочитате на фејсбук страницата – ТУКА. 

Телефон за информации за термини – 071 477 545

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...