Дали сте знаеле дека и во некои продукти што сте ги сметале за здрави се додаваат вештачки бои?

Вештачките бои за храна се многу штетни и луѓето мислат дека успешно ги избегнуваат. Сепак, не е така, бидејќи и многу здрави продукти содржат вештачки бои.

Дури и продуктите за кои сте мислеле дека се здрави, всушност често имаат дополнителни хемикалии за да бидат повкусни или само за да изгледаат подобро.
Ова е листа на продукти во кои се додаваат вештачки бои.

Житни снегулки
Во овој случај не станува збор само за шарените снегулки кои се наменети за децата. Траги од сина и црвена боја се пронајдени дури и во снегулките од цели житарки за возрасни.

Димен лосос
Карактеристичната розева боја по која е познат лососот не е секогаш природна. Постојат производители кои користат комбинација на сина, жолта и црвена боја во рибните производи, за филетите да изгледаат поатрактивно.

Овошен јогурт
Не само што овошните јогурти често имаат повеќе шеќер од една крофна, туку обично се обоени со вештачки бои.

Преливи за салата
Дури и преливите кои се со бела боја често содржат одредена количина вештачки бои, а тоа особено се однесува на варијантите со овошни вкусови.

Кисели краставички
Зошто киселите крставички што ги правите дома никогаш не изгледаат како оние од продавница? Тоа е бидејќи на купените кисели краставички често им се додава боја за да бидат позелени.

x

Check Also

Подгответе брзо и лесно: Превкусни пилешки срца во пикантен сос

За пријатен и лесен викенд ручек, дегустирајте го специјалитетот Пилешки срца во ...