Дали суперјахтата на Еди Џордан е највозбудливата во светот?

Поранешниот сопственик на Формула 1 тимот Џордан, Еди Џордан, стана сопственик на суперјахта вредна 53 милиони долари, која вклучува и ноќен клуб.

jahta 4Суперјахтата наречена Сансикер 155 која ќе заплови уште оваа недела, Џордан ја нарачал во 2012 година, а на неа се работело 18 месеци. Вчера беше презентирана на сопственикот кој направи забава за овој повод со своите блиски пријатели и соработници.

jahta 5

jahta 3Да се потсетиме, Еди Џордан и самиот учествуваше во различни автомобилски натпревари а во 1991 година го основа Формула 1 тимот Џордан. Ќе остане запаметено дека Еди Џордан во дебитанската сезона на својот тим му овозможи Формула 1 деби на младиот германски возач Михаел Шумахер. Притиснат со финансиски проблеми Џордан во 2005 година го продаде тимот, а потоа сосема се посвети на својот музички бенд Б10 во кој свиреше на тапани. На Формула 1 повторно се врати како стручен консултант на телевизијата ББС со што и денес се занимава.

jahta 2Суперјахтата на Џордан е најголемата од типот Сансикер до сега воопшто направена.

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...