Dandelion Spa & Health центарот на Скопје Мериот хотел со нов изглед и ново име

Нежност, мир и спокој – на добро познатото место сега со ново име, Скопје Мериот во претстојниот месец мај внесува промени во својот Spa & Health Club

Spa & Health клубот на Скопје Мериот хотел, лоциран во строгиот центар на градот, со новото име добива и нови услуги, како и промотивни пакети.

Dandelion Spa & Health клубот во пријатна и уникатна атмосфера нуди широк спектар различни услуги и масажи, за лице и за тело. Големиот број третмани за мажи и жени, за подмладување, релаксирачки или спортски, сигурно барем на кратко ќе ве успокојат и ќе ве ослободат од секојдневниот стрес и притисок.

Со новините во изгледот, клубот внесува и свежина во своето портфолио. Така во текот на месец мај, нуди различни, специјални промотивни понуди, односно 60 или 90 минутна масажа со гратис третман за усни и очи, 30% намалена цена на производот на месецот – June Jacobs Intensifying age defying serum и едночасовна масажа во текот на секој месец како награда за лојалност на членовите на клубот.

Dandelion Spa & Health Club е синоним за нежност, мир и спокој на веќе добро познатото место, но во сосема нов изглед, со нов идентитет и нов концепт. Скриен рај во центарот на бучниот и динамичен град. Одвојте време за себе и грижете се за своето здравје.

x

Check Also

Новата колекција на Nasty Gal и Емили Ратајковски е секси и фенси

Моделот и глумица Емили Ратајковски, покрај убавото тело, е позната и по ...