Дани носи накит од Ксенија Котев

Моќни жени може само да уживаат во храбар и моќен накит.  Дани Димитровска е моќна жена со моќен глас, а кога е во прашање стилот секогаш е поинаква од другите.


Овојпат не освои со масивниот сребрен накит кој го забележавме на нејзиниот најнов видео запис за најновиот сингл  „4 ѕида“. Накитот е дело на македонската дизајнерка Ксенија Котев, дел од нејзината најнова колекција „Лотус“.

Ксенија Котев ја оживува филигранската уметност во нови облици, храбро напуштајќи ги стереотипните форми на женскиот накит. Котев е дипломиран моден дизајнер на „Accademia Italiana“ и магистер по дизајн на аксесоари – чанти, чевли и накит на „Domus Academy“.

Својата страст и инспирација во последните години ја насочува исклучиво кон дизајнот на накит. Освоена од сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост создава накит од големи парчиња сребро, секое со своја приказна.

x

Check Also

Кејт Мидлтон со венче од Zara кое чини помалку од 20 евра

Војвотката од Кембриџ се појави на свечениот концерт во Ројал Алберт Хол ...