Даниела Димовска Колиќ: „Бидете жената која ја дава силата на другите!“

Тимот „Посилна жена“ на Lisca трчаше на Авицена Женска трка со порака сите да ја најдат моќта во себе

За да ја поддржат моќта на жената, Lisca креираше тим „Посилна жена“ кој беше дел од Авицена Женска трка во неделата, 31-ви март 2019. Тим од вработени, но и поддржувачи како фитнес тренерите Драгана Младеновска и Маја Самарова и моделите Бојана Нушкова и Александра Бошњаковска излегоа на патеката со една единствена порака.

Со Lisca тимот сакаме да ги мотивираме жените, без разлика дали се менаџери на компанија, мајки на двомесечно бебе, или пак матурантка која го дава својот следен чекор во своето образование. Вниманието и работата на себе е нешто кое ве поттикнува да бидете посилни и да ги исполните сите соништа.“, вели Даниела Димовска Колиќ, извршен директор на Lisca. Таа додава дека „Секој момент треба да ја обезбедуваме потребната поддршка и поттик да работиме на себе, за достигнување на целите. Време кога црпиме инспирација од жените кои се во нашиот живот и нашата близина е клучен. Жени кои ги следиме и се наш патоказ како да станеме посилни. Примери од кој учиме за посветеност, упорност, работа, решителност. Бидете жената која ја дава силата на другите!“

Според тимот, силата треба да ја црпиме од вниманието посветено за себе. Времето поминато во физичка активност, во грижата на своето тело, во спокојство поминато со добра книга, во сѐ што го прави секој среќен на свој посебен начин.

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...