Дарувајте според хороскопскиот знак: Практични подароци за Денот на вљубените

Често размислувањата за подароците можат да не направат нервозни, во желба да го одбереме најсоодветното, па шопингот наместо задоволство да стане стресен. Верувате или не во хороскопот, родените под ист хороскопски знак сепак сакаат слични подароци. Па пред да направите шопинг „утка“, прочитајте што сугерираат “ѕвездите“.

val 79

Овен – Запалка, уште подобро ако е од марката Зипо, зашто мажот Овен ваквиот подарок ќе го асоцира на страст, а згора на тоа слабост му се познатите марки. За жените родени во знакот на Овен одличен подарок е комплет долна облека во црвена боја, со тантела.

Бик – Биковите се практични и не сакаат многу романтични подароци, туку подарок кој ќе им служи. Оттука, за мажот Бик добар избор е убаво шише вино, а за жената – неа однесете ја на вечера, но не во преромантичен туку во ресторан кадешто се ужива во храната.

Близнаци – За мажот Близнак најдобар избор би била ретка книга, додека за жената, која е начесто колекционерка на чевли – секси чевли со висока потпетица.

val 7

Рак – Ракот е домаќински тип, па смислете нешто практично што му недостасува во домот, за мажот роден под знакот на Рак. Жената Рак пак, најмногу ужива во домашна атмосфера, па нема да згрешите ако ја изненадите со вечера која сами ќе ја подготвите и ќе ја сервирате на маса декорирана со свеќички.

val 3

Лав – За мажот во знакот на Лав, одберете подарок кој ќе може со задоволство да го покажува на своите пријатели. На пример, мерач за температура на вино. Жената Лав пак кога е во прашање, нема да згрешите ако за подарок одберете златна алка, ѓердан, или најдобро прстен со порака.

val 86

Девица – Девиците воопшто со задоволство се сеќаваат на минатото, па подароци „извлечени“ од минатото добро би им дошле. На пример, за мажот роден под овој знак, стара ретка плоча, секако може и билет за концерт на класична музика. За дамите родени под овој знак – албум со фотографии од вашето заедничко минато.

Вага – Без размислување, добар парфем за мажот Вага, а за жената, која е префинета, најубавите чевли во градот! Пред да ги купите добро распрашајте се од каде да ги купите.

val 1

Шкорпија – Боксерки или вратоврска за мажот роден под знакот на Шкорпијата. За жената родена под овој знак – црна провокативна долна облека, но добро ќе помине и впечатлива колекција на шминка.

Стрелец – Машка чанта за мажот Стрелец, која ќе му се најде во динамичното секојдневие. За жената родена во знакот на Стрелец најомилениот подарок би бил – викенд надвор од градот, а уште подобро и од земјата.

Јарец – Кожен паричник за мажот Јарец е идеален подарок за оваа пригода. За жената Јарец – парфем, но без никакви експериментирања. Претходно треба добро да бидете информиране каков парфем користи и секако, да купите од истиот.

val 10

Водолија – Што велите за кожен елек? Или за џепен, гравиран часовник? Можеби, мажот Водолија најмногу би го израдувале со некој гаџет од иднината, но тој би се задоволил и со свилена марама. Жената Водолија најсреќна би била да добие уметничка слика.

Риби – Кај мажот Риби може да поминете и со подарок – бонбониера  со чоколатца во форма на срциња. Ќе се израдува. Одличен подарок за жената Риба пак, се роматичните, долги марами како и впечатливиот накит во живи бои.

x

Check Also

Над 2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома

Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски ...