DASH диетата најдобра за 2017, еве ги останатите топ 5

US News & World Report ја објавија листата на најдобри диети за 2017 година.

По седми пат последователно диетата DASH е на првото место на најдобри, најефикасни и најздрави диети.

Даш диетата се реализира во две фази. Првите две недели се темелат на помало внесување на јагленохидрати кои ќе го променат метаболизмот зашто телото нема да мора да произведува инсулин. Четиринаесет дена нема да смеете да јадете ни овошје, ни житарки, но затоа дозволени се многу протеини (немасно месо и риба), и зеленчук што не содржи скроб, сирење со помала масленост како и многу јаткасти плодови.

Во втората фаза повторно се јадат житарки со полно зрно, овошје и зеленчук кој содржи скроб. Луѓето обично губат нешто повеќе од два килограми во првите две недели и меѓу 4,5 до 15 кг во периодот од два месеца.

На второто место е рангирана Медитеранската диета, третото место припадна на Мајнд диетата која минатат година беше на второто место, а на четвртото место се најде Флекситаријан диетата. На 5-то место се најде диетата на клиниката Маjо.

 

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...