Дечињата од „Дајте музика“ ќе нè претставуваат на Детски Евросонг 2021

На 19-то издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија што ќе се одржи на 19 декември во Париз, наши претставници ќе бидат дечињата од популарната ТВ серија „Дајте музика“.

„Драги наши обожаватели, чест ни е да ви соопштиме дека оваа година во декември во Париз, ќе ја претставуваме Македонија на Junior Eurovision. Држете ни палци“, стои во објавата на инстаграм-профилот на „Дајте музика“.

„Песната со која ќе се претстави нашата земја ќе биде избрана и промовирана во следните неколку месеци. На неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто“, велат од МРТ.

 

x

Check Also

Празничен шопинг: Во Carter`s & OshKosh! попустите се сè уште во тек

Почувствувајте ја магичноста на празничниот шопинг – израдувајте ги најмилите со ново ...