„Decorations“, причина повеќе да подарите без повод

Колку љубов е потребно да се создат овие убавини?! Креативноста е вродена, а чувството за убави нешта е резултат на незапирливата инспирација.


Симона е дамата која стои позади младиот креативен бренд „Decorations“ кој го забележавме на социјалните мрежи, а тоа што не освои е уникатноста и вештината при секоја рачна изработка.


– Од секогаш сум сакала и создавала креативни нешта. Буквално ме релаксираат и комплетно уживам додека ги изработувам. Еден ден добив идеја да ги споделам на социјалните мрежи и по тие објави дојдоа и првите реакции, а со тоа и почетокот „Decorations“, вели Симона.


– Приказната започна со изработка на интересни декоративни решенија за разубавување на домот во комбинација со цветни аранжмани оригинални и различни од класичните. Правев спој на интересни садови, предмети и природни материјали во комбинација со сокуленти, кактуси и други детали за комплетен изглед.


– Еден интесерен предмет чија првична намена е чување на накит со доза креативност може да премине во оригинално дело кое ќе му даде нова убавина и посебно внимание во домот.

– Ме инспирираат особено и прославите од секаков карактер, без разлика дали се работи за свадбена прослава или роденденска забава. Во тие моменти јас сакам малите нешта да остават голем впечаток, убавина и чувство на топло добредојде на гостите. Уживам во изработката на слатки кутии со невестински и роденденски слатки и бонбони, декоративни елементи, декорација на неопходните нешта како црквените свеќи, декорации на свечена маса, свадбени и роденденски подароци.


– Посебно уживам во изработката на таканаречените „торти од пелени“ кои сметам дека се еден совршен подарок за добредојде на новиот член во семејството. Составот на тортата од пелени е секогаш по желба на клиентот, а обично изборот е на најнеопходните нешта кои му се потребни на едно бебенце убаво и креативно спакувани во една приказна.

– Семејните прослави, дипломски успеси или едноставно повод од љубов може да биде поинаку спакуван од класичното.

– Честитките за нови академски успеси секогаш одат во комбинација цвеќе, вино и нешто слатко, но „Decorations“ е тука тоа да го изработи на мошне забавен и оригинален начин.


– Виното и чоколадата се секогаш совршена комбинација за подарок, а особено остават впечаток кога се креирани индивидуално за особата за кој е наменет подарокот.

– За да се подари чоколада не е потребен повод, а особено убава чоколада и уникатен моден е совршен подарок за една дама изработен со многу љубов.

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...