Дедо Мраз е секогаш во мода, ама овој е највистинскиот

Во овој период од годината Дедо Мраз е суперактуелен лик. Ќе го среќаваме на улиците и шопинг-центрите, во училиштата и градинките, буквално – секаде околу нас, и тоа во верни или смешни копии. Но, постои само еден вистински Дедо Мраз. И тој живее во Вали Стрим, Њујорк.

sk1

Дури ни најмалите дечиња веќе не веруваат баш во Дедо Мраз. Приказната е прекрасна, живее во Лапонија во идилична атмосфера, а неговата куќичка е преполна со писма пристигнати од деца од сите страни на светот, и тој им одговара. Но дури и тој Дедо Мраз е само глумец.

sk4

Во Вали Стрим, Њујорк, еден 60-годишен човек со долга бела брада и седа коса  (кој инаку, многу потсетува на оној Дедо Мраз од детската фантазија), е единствениот вистински Санта Клаус. Веројатно се прашувате, зошто? Затоа што човекот навистина така се вика. Пред две години одлучил да си го промени името и презимето. Реакциите на децата од Вали Стрим се фантастични, од типот „еве го, еве го Санта Клаус“ (и сите трчаат кон него за да го прегрнат).

sk3

Се прашуваме само какви би можеле да бидат реакциите на оние од сообраќајната полиција, банките или осигурителните компании кога Санта Клаус ќе им ја покаже возачката дозвола или личната карта.

 

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...