Дејан Мачуков: “Убавината се крие во природата! Таа е неисцрпен извор за еден уметник”

Природата била инспирација за сите големи сликари, па и за вас е извор на инспирација.  Што гледате што ,,обичното око не може да го види ? 

Дејан Мачуков

Уште како мал почувствував некаква посебна поврзаност со природата целото детство го поминав надвор, имав доживеано многу интересни моменти во неа..Посебната топлина , ми навираат безброј емоции,прават да заборавам на времето и на минатото.. да го почувствувам она што доаѓа, она што поминало и она што токму е во контекст со моето постоење… Уметникот е всушност постојан трагач по убавината.

Тие што те познаваат, знаат дека имаш посебна нескротливаенергија која те тера да работиш,ова е твојот начин на изразување?

Јас живеам со уметноста, таа е моето секојдневие. Едноставно, потребата за цртање ми доаѓа од внатре! Тоа е нешто што е посилно од мене. Ме исполнува кога ќе завршам одредено дело. Ме радуваат и коментарите и критиките од пријателите, што значи дека кај нив сум предизвикал одредена реакција, одредено чувство. Се случувало на моменти другарите, роднините, самоиницијативно да ми објаснат што почувствувале додека ги гледале моите слики, и често сум изненаден колку успеале да прочитаaт од нив, да ја разберат пораката која сакам да ја пренесам.  

Дали постои некој сликар кој бил посебна инспирација за тебесо твоето ликовно созревање? 

Па, ги има многу еве накратко би издвоил неколку: Аршил Горки, Вилем де Кунинг и Џексон Полок, бев фасциниран од слободата коja ја имаат во нивното сликарство и од ,,страшниот колорит.Но, сепак мислам дека желбата да се создаде нешто свое, оригинално, прпеознатливо за мене, и мојата уметност, секогаш доминирало.

Од каде талентот за сликање? Дали во вашето семејство имало уметник? 

Имало, но не продолжиле со нивно школување и усовршување едноставно не посветиле повеќе внимание на тоа. Генот сум го наследил, сигурно, ама ете кај мене се создале услови да можам целосно да се посветам на уметност.

Предавате во средно училиште во Богданци, што ги советувате децата? 

Секогаш да имаат контакт со уметноста.. и кога човек е најтажен може за миг да се отргне од сите проблеми ако бар малку се посвети на уметноста.  Ги охрабрувам да цртаат, слободно да се изразуваат, ги информирам дека не постојат грешки во цртањето ако се направи добар концепт пред да се почне со цртање. Да го сакаат тоа што го работат и да се трудат да создаваат убавина затоа што убавината се создава со труд а трудот станува лесен и преминува во задоволство кога нештото се сака. Да не бараат брз и вртоглав успех туку да одат напред чекор по чекор и да остават нешто вредно позади себе кое ќе го облагодати општеството во кое живеат и ќе ја трасира патеката на генерациите што следат.

За што сонува Дејан Мачуков? 

Во денешно време ако земеме во обзир до каде се е стигната уметноста, и во каква состојба е, тешко дека може да се сонува за некој сон, но сепак работата и трудот кој се вложува во она што успешно знаеш да го работиш секогаш може да донесе нешто. Секогаш сум опимист, и верувам во она што го работам. Се друго ќе си дојде!

 

x

Check Also

Пролет во живи нијанси со New Yorker

New Yorker ни носи нова пролетна колекција во која доминираат живите нијанси. ...