Дејвид Бекам: Хари е татко каков што секој сака да биде!

Поранешната фудбалска ѕвезда зборуваше за својот пријател, принцот Хари, за време на интервјуто за Entertainment Tonight.

Дејвид Бекам за својот пријател рече – „Тој е исклучителна личност. Мислам дека ужива во улогата на млад татко. Кога си родител, се за тебе се менува. Мораш секогаш да бидеш среќен“.

Потоа, Бекам додаде – „Секој татко сака да биде обожаван од своите деца и токму тоа го гледам кај Хари. Тој е баш татко каков што секој сака да биде“.

Сепак, Бекам не го откри своето мислење за заминувањето на Хари и Меган во Канада и за нивниот развод од кралското семејство.

-Не сум зборувал со Хари откако се пресели. Зборуваме како пријатели, и тоа е најважната работа за мене“, реќе бившиот фудбалски ас.

x

Check Also

Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст. Позитивен ...