Дејвид и Викторија Бекам со децата позираат за насловната на Вог тин, тврдејќи дека се среќно семејство

Таканареченото „второ кралско семејство“, семејството Бекам, ја красат насловната страница на октомвриското издание на британскиот Вог тин, а фотосесијата е направена и за внтрешниот едиторијал, проследен со разговор.

Шестчленото семејство ги покажуваат своите индивидуални карактеристики, модните вкусови и стиловите, додека позираат на отворено.

На друга фотографија – Харпер (7), Круз Дејвид (13), Ромео Џејмс (16) и Бруклин Џозеф (19) се ангажирани во игра со пиштоли на вода, додека нивните родители седат на тревата.

Дејвид и Викторија по долг период се појавуваат заедно на насловна страница, и воопшто во еден едиторијал, а во последните месеци медиумите шпекулираа за статусот на нивната врска. Парот ги негираше информациите за развод во јуни, објавувајќи и дека „луѓето измислуваат работи за нивната врска веќе полни дваесет години“.

 

x

Check Also

Изглед на денот: Синиот миди фустан на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ присуствуваше на нејзиниот прв пост-карантински настан LIVE за одбележување ...