Лексус, луксузната марка на корпорацијата Тојота, ја лансираше новогодишната кампања „Декември за паметење“ (December to Remember). И кампањата е за паметење.
„Нашата кампања „Декември за паметење“ стана една од најнезаборавните во автомобилската индустрија. Сакавме оваа кампања да има единствен изглед, а годинава акцентот го ставивме на приказните и магијата која игра главна улога во празничната сезона “, вели Брајан Смит, директор на макркетинг во Лексус, САД.
Трите телевизиски спотови се модерно продуцирани и во сите се чувствува волшебна празнична атмосфера, а поддржани се со мотиви од детските приказни.
Уживајте во видеата.