Деловен хороскоп: Што ве очекува на работното место од 3ти до 9ти септември

Пред Стрелците е период на деловна промена – можеби на работното место или дури на професијата, пред Биковите и Лавовите стабилен финансиски период, а пред Девиците – нови можности. А вие, во кој знак сте родени? Проверете што ве очекува на работното место оваа недела, од 3-ти до 9-ти септември 2018.

Овен – Тешко дека ќе може да држите се под контрола, како што вие сакате, но се ќе зависи од тоа колку рационално може да ги согледате деловните прилики. Избрзни реакции не се посакувани оваа недела! Сепак, Венера и Меркур се во добар аспект со вашиот знак, што значи дека некои преговори кои сега ќе ги водите ќе имаат конечен и позитивен резултат. Одличен е периодот за подобрување на комуникацијата со колегите и претпоставените.

Бик – Оваа недела ви носи добри работни прилики. Меркур и Сатурн се во добар аспект, па добрата комуникација, сериозноста и темелноста, но и мудроста, ќе ви донесат резултати кои ги очекувате. Дури и нервозата во одредени денови, која ќе ја почувствувате, нема да влијае во деловното напредување. Поддршката од колегите ќе ви биде многу важна, а ќе ја добивате. За некои Бикови ќе се отвори можност за промена на работното место, па дури и професијата.

Близнаци – Пред вас е добра деловна недела. Може да очекувате да започнете проекти и преговори кои сега ќе резултираат со добри резултати и стабилност, како и подобрување на финансиите. Со деловните партнери ќе имате одлична комуникација, но кочници може да се појават од некои љубоморни колеги. Сепак, не влегувајте во кавги, за да не си напакостите сами на себе при отворено небо со поддршка.

Рак – Оваа недела родените во овој знак треба да се откажат од замислата за нови деловни почетоци. Не значи дека проектите ќе ви пропаднат, туку треба да почекате уште малку за да се отвори небото со поддршка од ѕвездите, инаку ќе ризикувате да вложувате многу труд. Затоа подобро енергијата пренасочете ја кон друго поле, а на деловно – посветете уште време на градење на идеи.

Лав – Пред Лавовите е една многу стабилна недела. Обидете се односот со колегите да го сочувате коректен, зашто подоцна ќе ви треба нивната поддршка. Сепак, не очекувајте премногу од блиските соработници, зашто меѓу нив има и такви кои ви љубоморат и ве „цинкарат“ кај претпоставените. Имате прилика за добри вести!

Девица – Во изминатиот период почнавте повеќе работи, но ви изгледаше дека се развиваат бавно. Сега пак, се одеднаш ќе почне да функционира со голема брзина и леснотија. Преземете голем број на обврски во овој период, нема да ви паднат тешко, а ја имате и поддршката од ѕвездите, затоа искористете ја! Нема да ви недостига ни организираност ни дисциплина.

Вага – Ќе се почувствувате енергетски послаби кон крајот на неделата, а тоа ќе се должи на деновите пред вас кои ќе бидат полни со обврски, но и со по некоја главоболка. Ќе се обидете сите предизвици да ги искористите на најдобар начин, што ќе резултира со добри деловни резултати кои ќе ги почувствувате подоцна. Ова е недела и на бројни деловни средби, некои од нив, клучни за вашата деловна иднина.

Шкорпија – Многу активна недела е пред вас! Бројните обврски нема да ви дадат место за одмор, но сепак, поради големата поддршка од ѕвездите, обидете се да не одбиете ништо, да ја искористите секоја можност. Подобрувања ве чекаат и на финансиски план, можеби, зголемување на платата или нов хонорарен проект. Нов деловен контакт пак, ќе ви го реши проблемот кој долг период ве мачеше.

Стрелец – Од кога ги чекате добрите вести? Знаеме, одамна. Но конечно ќе пристигнат! Пред вас е недела која ќе го направи вашето работно место постабилно, а не е исклучено да добиете унапредување. Поддршката која ја добивате од колегите во овој период ќе ви биде многу значајна. Промените се, значи, на повидок.

Јарец – Пречките со кои се соочувавте во летниот период, сега ќе бидат минато. Ситуацијата се менува, некои нешта неочекувано ќе се случат и ќе ви ги отворат очите. Внимавајте да не останете изненадени од наглиот пораст на деловните обврски, трудете се добро да се организирате и да ги завршувате задачите на време, без да ги одложувате. Од претпоставените имате голема поддршка.

Водолија – Пред водолиите е турбулентна недела, а особено се видливи недоразбирања со шефовите. Само уште оваа недела, до средината ќе носи проблеми, но од четврток, ситуацијата се менува во ваша полза и работата ќе тргне во конструктивна насока. Ако некои деловни промени не ви се допаѓаат, дајте им време – ќе увидите подоцна дека токму таквите промени ви носат постабилни финансии!

Риби -Деловните односи и понатаму се малку нестабилни, но во која насока ќе се одвиваат работите, зависи од вас. На колегите и шефовите треба да им дадете до знаење што можат , а што не можат, да очекуваат од вас, и границата не смее да ја поминете доколку сакате да задржите коректни односи. Не си земајте обврки кои не можете да ги сработите и не ветувајте нешто што нема да го исполните.

x

Check Also

10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Имате голем избор кога станува збор за вдомување куче. Може да изберете ...