Во организација на модното студио Шанел денес во ресторанот Вавилон во Битола ќе се одржи големото финале за Топ модел на Македонија.
Девојката која ќе победи на овој избор ќе добие автомобил Рено Твинго. Првите шест девојки пак, ќе си обезбедат учество на европската турнеја на Шанел во Швајцарија, Германија и Италија.
На настанот ќе настапат 15 финалистки од цела Македонија, а во музичкиот дел се предвидени настапите на Ламбе Алабаковски, Анета Мицевска – Молика, Синтетик Сакс и младите и надежни Молика Џуниор.
Водители на настанот се Весна Јакимоска и Драгана Чуприна .