Л. М видно возбудена, денес ги посети просториите на Државна лотарија да ја подигне својата добивка, и да ја раскаже нејзината приказна, како и да го поздрави новиот концепт на Лото 7 затоа што, како што рече, поголемите добивки и поинтересната игра се уште поголема мотивација за народот да си ја проба својата среќа.
Интересен факт е дека добитничката уплатата ја извршила уште на првиот ден од почеток на играта, во недела на 21ви април, и со тоа е една од првите играчи кои ги уплатиле своите среќни бројчиња со новите Лото 7 ливчиња на нашето среќно место во Трговскиот центар Рамстор.
Л.М заедно со нејзиниот татко секогаш уплаќаат по две комбинации – броеви кои се составени од значајни семејни датуми. Често купува и инстант лозови, а има и убава навика своите блиски да ги изненадува со по неколку инстант лозови со надеж дека ќе им подари дополнителна можност за среќа. За 8-ми март на своиет колешки им подарила инстант лозови Дијамант.
Среќната добитничка на љубителите на игрите на среќа им посака да бидат упорни и да не ја пропуштаат шансата да си ја проверат среќата со многуте можности кои ги нуди новото Лото 7 и Џокер.