Денес е кинеска нова година, прочитајте што 2019 ви носи според кинескиот хороскоп

2019 година, според кинескиот хороскоп, е година на Свињата. Прочитајте што ви предвидуваат астролозите за вашиот кинески хороскоп за 2019.

СТАОРЕЦ: (ако сте родени во 1912., 1924., 1936., 1948., 1960., 1972., 1984., 1996., 2008.)

Пред вас се бројни нови можности. Новите контакти ќе се покажат вредни за иднината, но сепак, ќе мора да внимавате на одлуките и активностите. Стаорецот знае да преживее и во 2019 ќе стане уште поискусен, а ќе научи и да биде трпелив. Мора да внимавате со прекумерното трошење! Трошете во согласност со буџетот и не инвестирајте во нови крупни проекти. Можно е да се вратите на образованието и да се доусовршувате, а можни се и курсеви по нови јазици. Годината на Свиња не е најлесна за Стаорецот, но тоа што ќе го научи во неа ќе се покаже многу корисно за понатаму.

ВОЛ: (1913., 1925., 1937., 1949., 1961., 1973., 1985., 1997., 2009.)

Ова е многу добра година за Волот. Ќе стекнете многу знаење и искуство во текот на 2019, но ќе морате да се прилагодите на промените кои доаѓаат. Ќе мора да бидете и трпеливи и флексибилни. На работен план ве чекаат интересни пресврти. Може дури и да се одлучите да се префрлите на друга работа. Со вистински став, Волот ќе има големи потенцијали за успех. Финансиите ќе станат постабилни, но истотака, ќе мора многу да внимавате на својата телесна тежина и повеќе да се одморате. Во 2019 Волот ќе ја пронајде рамнотежата меѓу своите активности и уживањата. Како и обично, многу ќе се интересирате за вашиот дом. Ќе бидете повеќе социјално активни, а романтиката постојано ќе ви биде во мислите.

ТИГАР: (1914., 1926., 1938., 1950., 1962., 1974., 1986., 1998., 2010.).

Ви се смешкаат бројни патувања, а годинава многу Тигри ќе се омажат/оженат. Во секој случај ова ќе биде многу важна година за вас, и ќе ви донесе напредување на сите полиња. Контактите кои сте ги направиле во минатото, сега одлично ќе ви послужат. Ќе имате бројни можности да ја подобрите финансиската ситуација. Совет од астролозите е што повеќе да се оддалечите од секојдневните рутини и да прифаќате нови предизвици! Промената на околината ќе се покаже многу пријатна. 2019 година ќе биде во знакот на прослаувавањата и свадбите. Тигрите ги чека нов и убав почеток, идеална година за среќен нов живот.

ЗАЈАК: (1915, 1927., 1939., 1951., 1963., 1975., 1987., 1999., 2011.)

За Зајците ова е активна година, особено во приватниот живот. Ќе бидете многу барани и ќе создавате нови пријателства. Контактите од минатото ќе се исплатат, а бројни патувања ве чекаат. Љубовниот живот ќе ви цвета. Би можеле да се најдете во некои интересни ситуации додека сте далеку од дома. Сепак, требате да бидете внимателни при вложувањата. Не инвестирајте годинава во ништо што добро не сте го истражиле. 2019 ќе се покаже како многу интензивна, па внимавајте да не се оптоварите со премногу обврски. Обидете се да најдете време за одмор и за вашето хоби.

ЗМЕЈ: (1916., 1928., 1940., 1952., 1964., 1976., 1988., 2000., 2012.)

Многу позитивна година за родените во знакот на Змеј. Годинава ќе може да ги остварите вашите желби! Често ќе се појавуваат нови прилики поврзани за работа. Исклучителна година е и за финансиските прашања – многу Змајеви ќе добијат нови, големи приходи! На љубовнен план, османеите Змаеви конечно ќе ја сретнат својата сродна душа. Оние пак кои се во врска, треба да ги слушаат советите од партнерот. Поддршка за да одите напред ќе имате од сите сакани и целото семејство. Искористете ја пријатната година за вас!

ЗМИЈА: ( 1929., 1941., 1953., 1965., 1977., 1989., 2001., 2013.)

Многу активности се на повидок, но треба да бидете внимателни кон секоја понуда која доаѓа. Во 2019 дефинитивно треба да ги избегнувате ризиците. Многу внимавајте да не трошите премногу. Ќе мора да внимавате и на приватниот живот, зашто некој годинава може да си поигра со вашите чувства. Романтиката може да ви донесе среќа, ама и разочарувања. Мора да научите во 2019 да станете свесни за чувствата кои ги имате кон блиските. Змиите кои ќе се вљубат оваа година мора да бидат многу внимателни ако сакаат врската да трае. Одмарајте се повеќе и хранете се здраво во годината на Свиња, која не е многу поволна за Змијата.

КОЊ: (1918., 1930., 1942., 1954., 1966., 1978., 1990., 2002., 2014.)

Ова ќе биде пријатна година за Коњите. Ќе имате можност за да преземете дополнителни одговорности и да напредувате – време е да преземете иницијатива и да се подготвите за дополнителен напор. Многумина од вас ќе ги прифатат предизвиците за промена на кариерата. Ако тоа го направите, ќе имате дополнителни можности за приход. 2019 е одлична година за приватен живот, за семејни активности, како и за патувања. Исто така ќе уживате во богатиот социјален живот, а новите пријателства ќе с епокажат трајни! Годинава ќе се покаже како успешна за родените во знакот на Коњ.

КОЗА: (1931., 1943., 1955., 1967., 1979., 1991., 2003., 2015.)

Годината на Свињата ќе се покаже убава за родените во годината на Козата, но и полна со предизвици. Приватниот живот ќе стане помирен, а деловниот – побурен. Разочарувањата од минатото конечно ќе ги оставите зад себе. На многу Кози ќе им се пружи можност за унапредување во кариерата, но сигурно ќе имате и прилики за нови пријателства, односно нови љубови. Врските започнати оваа година ќе се покажат трајни. До крајот на годината, многу Кози ќе уживаат во новооткриената среќа. Исто така, 2019 ќе биде во знакот на размислувања и планирања на иднината. Се на се, оваа година ќе се покаже како една од најдобрите во последниот период.

МАЈМУН: (1932., 1944., 1956., 1968., 1980., 1992., 2004., 2016.)

Бројни благодети годинава ги чекаат родените во знакот на Мајмун. Ќе ви се подобрат сите полиња на животот, вкличувајќи ја и среќата која ќе ви ја разгали душата. Годинава ќе се сконцентрирате на вашите минати достигнувања, а многу ќе размислувате за својата иднина. Ќе се појават можности за напредување, особено на деловен план. Цела година ќе биде полна со интересни настани, а може да се радувате и на финансиски приливи. Ќе биде корисно да се почестите со нов мебел, нов автомобил или дури и со ново место на живеење.

ПЕТЕЛ: (1933., 1945., 1957., 1969., 1981., 1993., 2005., 2017.)

Ова ќе биде година полна со успеси и неуспеси, добра за финансии, но не баш добра за напредување и промени, освен ако не сте уметник. За уметниците родени во знакот на Петел ова ќе биде исклучително креативна година која ќе донесе интересни резултати и промоција. Многу Петли во 2019 ќе станат опседнати со новите модни трендови, па не се исклучени големи трошења. Внимавајте да не трошите повеќе отколку што ви е буџетот, и не влегувајте во земање на големи кредити! Повеќе грижете се за своето здравје и за тоа што го јадете. Иако 2019 ќе биде не толку лесна година за Петлите, сепак ќе имате полза од сите искуства.

КУЧЕ:(1934., 1946., 1958., 1970., 1982., 1994., 2006., 2018.)

Поволна година за родените во знакот на Куче. Треба да ги искористите сите шанси кои ќе ви се понудат! Ќе имате шанси и за големо напредување и на деловен и на приватен план. Се што треба да направите е да ја грабнете приликата кога ќе се покаже и да не се двоумите. 2019 ќе биде многу среќна и кога станува збор за љубовта. Ќе имате бројни социјални случувања и ќе создадете нови убави пријателства. Осамените имаат голема шанса за романтична врска, а оние кои се во врска, треба да внимаваат да не се препуштат премногу на флертувањето. Во секој случај ќе имате прилика да ги покажете своите вештини и таленти и да ги импресионирате другите.

СВИЊА:(1935., 1947., 1959., 1971., 1983., 1995., 2007., 2019.)

Кинезите сметаат дека годината на Свиња не е добра за родените во знакот на Свиња. Па, така не може да очекувате оваа година некои значајни промени, успеси и унапредувања, а и финансиската ситуација нема да ви цути. Но, Свињите се познати како добри штедачи и големи работници, па со добра организација нема да паднат во долгови и потешкотии. Осамните родени во овој знак, може д аочекуваат почеток на стабилна врска кон самиот крај на годината. Оние кои се во пар, мора да посветат повеќе внимание на саканите лица, па преземете активност за делење на заедничко хоби. Во 2019 година ако сакате да ја одржите телесната тежина и да останете здрави треба многу да вежбате и да внимавате на исхраната. Штом малку ќе излезете од форма, ќе ја загубите и енергијата.

x

Check Also

Промовиран автомобилот ЗАС Г20 – „Фиќо со електричен мотор„

Првиот македонски електричен автомобил ЗАС Г20 својата промоција пред медиумите и домашната ...