Денес ќе се изведе претставата „Кожурец“ на ПРВО ПА ЖЕНСКО 9.издание

Вечерва, со почеток од 19.30 часот во МКЦ, во склоп на програмата на фестивалот Прво па женско, ќе се изведе претставата „Кожурец“, во продукција на независното здружение АРТОПИЈА.
Деветтото издание на Прво па женско отвора дискусија и го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на светска пандемија, но и локално. Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра.
Краток опис на претставата:

Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвара просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст  јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.

Текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска

Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска, Наташа Петровиќ

Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев

Обработка на звук и видео: Душица Настова

Камера и фотографија: Марјан Петковски

Дизајн на плакат: Воскресија Андреевска

Режија: Билјана Радиноска

Продуцент: Филип Николовски

Финансов координатор: Радослав Гогушевски

Организатори/техничка поддршка: Бојан Кирковски, Ненад Митевски

Продукција: Артопија

Благодарност до: Филип Петковски,  Ненад Тонкин, KOSY.

Користени текстови: „Враќање“- Блаже Конески; „Песна што треба да ја напишам“- Гане Тодоровски, „Проспект“- Вислава Шимборска

Користена музика: Jungle Dee Work- JBDBUS; Bohemian Rapsody- Queen, Ден по ден- Соња Тарчуловска; Lulaj lulaj- KOSY; Blind- Hercules and love affair, No me toques mal-La Muchacha I La Otra

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

x

Check Also

„УРБАНА АРХИТЕКТУРА ВО ДВОЈНА ЕКСПОЗИЦИЈА“ – ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ВИКТОР ПОПОВСКИ

„Од кога го знам Виктор знам дека се занимава со фотографија, но ...