Денеска почнува продажбата на влезниците за 20. роденден на EXIT фестивал!

По распродадениот No Sleep (Но Слип) Фестивал, со кој на спектакуларен начин беше најавена големата прослава за 20 години на Exit (Егзит), публиката од целиот свет со нетрпение ги очекува и првите влезници за еден од најголемите фестивали во Европа! Денеска точно на пладне пристигнуваат првите влезници за EXIT, а најбрзите фанови на фестивалот можат да ги набават по промо цена од 3.700 денари, што е заштеда од дури 55% во однос на нивниот финален износ. Во продажба ќе бидат уште и „ВИП Голд“ влезниците по цена од 16.300 денари, кои овозможуваат пристап до „ВИП Голд“ зоните на главната бина и Денс Арената, како и влезниците за фестивалскиот камп на градската плажа на брегот на Дунав, по цена од 1.630 денари. Љубителите на EXIT фестивал можат својата влезница да ја искомбинираат и со посакуваното сместување во посебно скроените туристички пакети кои опфаќаат влезници и сместување, по цени почнувајќи од 79 евра, а сите информации и продажни места може да се пронајдат на официјалниот сајт на фестивалот exitfest.org .

EXIT, од 9-ти до 12-ти јули следната година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад ќе прослави 20 години од своето постоење! На повеќе од 40 бини и зони фестивалот ќе ги собере некои од најзначајните музички ѕвезди на денешницата, но и неколку одбрани изведувачи на EXIT од претходните две децении, чии настапи засекогаш станаа нераздвоен дел од историјата на фестивалот. Под симболичниот слоган EXIT 2.0, фестивалот го означува почетокот на својата нова ера, со која најавува бројни иновации во сите области на своето делување.

Првите изведувачи за EXIT, но и за останатите фестивали во организација на EXIT тимот, како што се Sea Star (Си Стар) во Умаг, Revolution (Револушн) во Темишвар и Sea Dance (Си Денс) во Будва, ќе бидат објавени наскоро. Сите љубители на фестивалот можат да очекуваат дел од најактуелните изведувачи на светската музичка сцена во комбинација со проверени имиња, со исклучително голема разновидност на музичките жанрови, по што EXIT и е прочуен на светската фестивалска сцена.

x

Check Also

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година Винарската визба „Тиквеш“ ...