Денс-роденден за првата дама

Вчера Кејт Мос го прослави својот роденден (40), денес уште една икона на стилот ќе прослави роденденски јубилеј (50).

 

Белата куќа е подготвена да се „преоблече“ за роденденот на Мишел Обама,  а за утре вечер е закажана неформалната забава на која гостите се поканети да дојдат со чевли удобни за танцување.

Денс забавата е во организација на нејзиниот сопруг, претседалетлот на САД Барак Обама, а за веселата атмосфера ќе се погрижат Бијонсе и Џеј Зи.

Мишел Обама не чувствува никаква криза за годините. „Сега имам повеќе време за дишење, никогаш претходно не сум се чувствувала толку сигурна во себе и повеќе сум свесна за тоа која сум како жена“, рече таа во интервјуто за списанието Парејд.

Од својот сопруг за роденденот Мишел доби подарок – одмор на островот Мауи.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...