Десерт со стил: Меките кекси на Витаминка „Фрути“

Меките кекси на Витаминка, „Фрути“ се едни од највкусните, потврди оценката добиена од хрватските потрошувачи.

Овој заклучок е резултат на истражувањето спроведено од хрватскиот медиум „24 часа“. Истражувањето беше изведено на фокус група испитаници, составена од љубители на храна кои не знаеле чиј производ пробуваат, а нивните ставови и оценки се индивидуални, независни и нецензурирани. Од учесниците во истражувањето било побарано да дадат оценка за вкусот, квалитетот, обликот и чоколадото кај меките кекси со желе од портокал прелиени со чоколадо, кај потрошувачите познати како „Јафа“ меки кекси (“soft cake”).

Меки кекси со желе од портокал и прелиени со чоколадо, имаат повеќе производители во Европа. Во истражувањето биле тестирани сите кекси од оваа категорија присутни на хрватскиот пазар (од 10-на производители),  меѓу кои од: “Jaffa” на Crvenka, “Katy” од Kaufland, “Tastino” од LIDL, “Frutti” на Витаминка, како и меките бисквити со желе на “Milka”, “Budget” и “Kraš”.

Испитаниците на „слепиот тест“ покажале дека највисоко го оценуваат вкусот на „Фрути“ кексите, а исто така и цената. По вкупниот број на дадени поени за квалитетот, обликот, вкусот и цената на “Jaffa” кексите од страна на учесниците во истражувањето, “Frutti”-те на Витаминка го зазедоа високото трето место пред „Црвенка“, „Милка“ и „Краш“.

Истражувањето покажало дека, според личниот впечаток на секој тестиран испитаник, високи оценки добиле и дел на оние меки бисквити со желе, што имале пониска продажна цена на пазарот. Ова покажува дека не секогаш високите цени значат и најдобар квалитет на понуденото.

 

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...