Дестинации и дегустации: Традиционална велигденска трпеза

Разнолична е традиционалната велигденска храна во различни делови на светот. Можеби ќе посакате да ја дегустирате, да испробате нешто ново за празниците.

veligden meso

И кај нас, и во добар дел од европските земи, јагнешкото месо ја краси велигденската трпеза. Доколку тоа сакате да го направите во француски стил, би можеле да го сервирате месото со повеќе видови сирења, квалитетна чоколада и врвно црвено вино.

Во Италија, јагнешкото месо не е карактеристично за велигденските празници, туку губаната. Ова италијанско слатко лепче се прави со ореви, суво грозе, чоколада и слатко вино.

Италијанска губана

Италијанска губана

Во Холандија традиционално се послужува кремастиот ликер наречен адвокат, налик на пудинг. Се прави од жолчки, ракија и шеќер.

Адвокат

Адвокат

Во Мексико за Велигден се служи Капиротада – леб, млеко, сирење, путер, суво грозје, кикиритки, сируп од цимет и шеќер.

Капиротада

Капиротада

Торта Пасквалина, односно пита со спанаќ и јајца,  е карактеристична за Аргентина за време на Велигден.

Торта Пасквалина

Торта Пасквалина

Шпанците сервираат Хорнаѕо, вид на лепче полно со свинско месо, колбаси и јајца.

шпанско хорнаѕо

шпанско хорнаѕо

Финска е карактеристична по десертот наречен мами. Се подготвува со ржано брашно, вода, сол и портокал. Има специфичен вкус и долго се подготвува.

Мами, традиционален фински специјалитет

Мами, традиционален фински специјалитет

Сладок леб украсен со црвени велигденски јајца се подготвува во повеќе балкански земји. Не само што е многу вкусен туку и со својата форма на венец внесува празнична атмосфера на трпезата.

veligden balkan

x

Check Also

Од кои спортови ќе имате најголема полза? Huawei Watch GT 2 Pro е совршен придружник за сите!

Бурните времиња не треба да ја намалат физичката активност, туку треба да ...