Децата и домашните миленичиња, какво милениче да одберете?

Децата ги сакаат животни и во одреден момент од животот, скоро секое дете изразува желба да има дома милениче. Но, кое е најсоодветното милениче за деца и особено кога е вистинското време да се исполни неговата желба?

Меѓу децата и животните постои длабока и искрена поврзаност, но како родителот да одлучи кој е најсоодветен миленик за неговото дете и кога е најдобро време да вдоми миленик?

Желбата на децата да имаат домашно милениче произлегува од желбата да имаат верен пријател покрај себе, кој ќе помине низ сите моменти на среќа или тага заедно со нив. А миленикот кога е тука, може да биде вистински пријател кој не поставува прашања, кој не ви суди и кој само очекува многу прегратки.

Многу деца развиваат многу блиска врска со своето милениче и воопшто, покажуваат благодарност за животните од секаков вид. Важно е дека уште од рана возраст тие се запознаваат со различни животни и со нивните потреби, па така тие брзо ќе научат што значи да се грижат за животното, но и како да му ја дадат целата љубов на овој свет.

Неколку примери? Ќе научат дека опашката на мачката не е за влечење, дека храната за кучиња припаѓа само на кучето, или дека зајакот сака да остане сам кога спие или јаде.

Откривање на светот заедно со домашното милениче

Децата и нивните верни крзнени пријатели, по првично запознавање, ќе бидат подготвени да го откријат светот заедно. Подгответе се да бидете преплавени со прашања: зошто кучето си ја „брка“ опашката? Зошто зајакот ја џвака храната толку долго? Зошто мачката си го лиже крзното? Ова се само неколку прашања што ќе ви ги постави вашето дете кога ќе го запознае животното.

Животните можат да им бидат од голема помош на своите мали пријатели и да ги натераат да надминат некои пречки поврзани со погрешното однесување. Неколку примери? Кучето ќе знае да му покаже на неговиот мал пријател како да го надмине срамот, или немирното дете ќе научи од мачката дека може да остане мирно и да ужива на троседот без да мора да трча постојано низ целата куќа.

Домашни миленици за деца: хигиена, грижа и одговорност

Ако размислувате да вдомите домашно милениче, но сте загрижени за хигиената, бидете сигурни дека нема опасност да се грижите прекумерно. Дури и ако детето го храни кучето од неговата лажица и потоа јаде со истата, нема да се разболи од тоа! Важно е само да правите периодични проверки кај ветеринар грижејќи се за здравјето на миленикот.

Она што секогаш треба да се има предвид при изборот на домашно милениче е дека главниот товар на грижа и одговорност е секогаш на родителите. И тоа ќе трае со години. Децата растат, можеби ќе го загубат интересот за чување на домашен миленик или пак, ќе се осамостојат и ќе си заминат од дома. А вие? Дали сè уште сте подготвени да се грижите за домашното милениче?

Ако сакате да откриете кое милениче може да биде најпогодно за вашето семејство, прочитајте ги советите.

Предности и недостатоци на мачките како домашни миленици

Како домашни миленици, за мачката грижата е многу лесна, зашто може да седи со часови сама и не треба да се носи на прошетка. Покрај тоа, мачките знаат да си се чуваат самостојно. Сепак, во тој случај треба да имаат можност да излезат надвор.

Бидејќи мачките се многу независни, децата мора да научат кога е најдобро да си играат со нив за да избегнат гребење. Треба да земете предвид и дека трошоците за мачка се околу педесет евра на месец за храна и ветеринарни прегледи.
И не заборавајте: мачките можат да живеат и дваесет години!

Кучето како домашен миленик за вашето дете

Во списокот на детските желби кучето е обично на прво место! Зошто?

Кучињата се навистина идеален партнер за децата, доколку ја одберете вистинската раса. Кучето е многу повеќе приврзано од другите животни, тоа е секогаш подготвено за игра и ја зајакнува самодовербата кај детето.

Кучето, пак, за разлика од мачката, бара многу поголема грижа и ова е аспект што треба да се разгледа пред да се вдоми куче. Земете предвид дека три пати на ден треба да излезете со него на прошетка, без оглед на временските услови и без разлика на вашето расположение дали ви се шета или имате обврски.

Месечните трошоци за куче се околу стотина евра ако ги земеме предвид храната и ветеринарот. Покрај тоа, за кучето, во зависност од расата, може да имате трошоци за сите неопходни додатоци, на пример, за облека.

Што ако детето сака папагал?

Секој што некогаш чувал папагал знае колку забава и задоволство може да пружи. Прекрасни се за гледање со пердуви од стотици бои, тие се нежни животни со кои може да се забавувате или шегувате.

Папагалчињата си сакаат друштво, па ако е можно, подобро е да земете два папагала.

Децата често не наоѓаат голем интерес во чувањето птици од причина што со птиците не можат да се гушкаат како со мачињата или кучињата. Поради оваа причина, папагалите се посоодветни за повозрасни деца, а не за мали деца.

За да ги чувате дома потребен е соодветен кафез доволно голем за да можат да се движат или да летаат внатре. Иако тие се мали животни, сепак имаат физиолошка потреба за движење.

Папагалите имаат тенденција да живеат долго време, дури и 15 години, а бидејќи детето во тој период ќе порасне и лесно може да го загуби интересот за миленикот, земете предвид дека грижата за него ќе падне на вас.

За да чувате дома едно или две папагалчиња потребни ви се околу 15 евра месечно.

x

Check Also

Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ...