Дева Касел, ќерката на Моника Белучи, заштитно лице за новиот парфем на D&G

Дева Касел (Deva Cassel), ќерката на Моника Белучи од бракот со актерот Винсент Касел, блеска во рекламната кампања за новиот парфем на Долче и Габана (Dolce&Gabbana), Долче Роуз (Dolche Rose).

Кампањата е снимана на преубава локација во Италија, во прекрасното Белаџио, на езерото Комо.

Дева Касел, Dolce&Gabbana, Dolce Rose, 2021 г.

Дева има само 16 години но ова не и е прва соработка со Долче и Габана. Пред една година ја видовме во рекламната кампања за Долче Шајн (Dolce Shine), снимена повотрно во Италија, во прекрасното Амалфи.

Дева во рекламната кампања за Dolce Shine од 2020 г.

Мајка и Моника Белучи, вели дека ова се само повремени излети во модниот свет, и дека сега нејзината ќерка тинејџерка, најмногу треба да се фокусира на училиштето. Како и да е сите се согласуваат дека Дева е на почеток на една прекрасна кариера.

Погледнете го видеото со рекламата за новиот парфем Dolce Rose.

x

Check Also

& Other Stories ја претстави колекцијата за меѓу сезоните

Преземете го стилот инспириран од Лос Анџелес со дизајни од креаторите на ...