Се чини дека веќе нема да помине ден без да ја споменеме прекрасната Дева Касел.
Пред една недела беше објавена кампањата на Долче и Габана со Дева како заштитно лице на најновиот парфем, а веднаш потоа Моника Белучи се пофали на Инстаграм со втората насловна на нејзината ќерка, Дева Касел, за Ел Франс (Elle, France).
Дева (која патем има само 16 години), беше на насловната страна на истиот магазин пред само четири месеци (Октоври, 2020), но овој пат уредниците ја прогласија за “муза на италијанската мода”. И со право, со оглед на тоа што оваа девојка до сега има остварено соработка со најзвучните италијански модни брендови.
Што е следно? Нестрпливи сме да ја чуеме новата убава вест од Дева.