Девојката на Роналдо, Џорџина Родригез, стана русокоса

Девојката на познатиот фудбалер, моделот Џорџина Родригез, направи трансформација, променувајќи ја бојата на косата од темно кафена во руса.

Џорџина својот нов изглед го објави на Инстаграм. 23-годишната манекенка од Шпанија, позната по згодното тело, позираше во тесни кожени панталони со висок сјај, црна ролка и сандали со вртоглаво висока потпетица, додека акцентот е на долгата руса коса.

На нејзините фанови оваа трансформација им се допадна, па за неполни 24 часа моделот собра над 1 милион и 300 илјади лајкови.

x

Check Also

Изглед на денот: Розовиот светкав костум на Мишел Обама

На европската турнеја на која ја презентира својата хит книга, автобиографијата Becoming, ...